Активирањето на дополнителните програмски пакети можете да го направите:
Никогаш доволно спорт! Гледајте ги најдобрите спортски содржини на домашен терен со пакетот ARENA PREMIUM.Корисниците на MagentaTV коишто ги следат каналите Arena Sport 2, 3, 4 и 5 можат да го активираат пакетот Arena Premium без дополнителен надомест.
Сите највозбудливи спортски содржини на едно место! Активирајте го пакетот SPORT HD и следете ги најквалитетните спортски доживувања во HD.
Најразновиден микс на содржини за секој член од фамилијата! Изберете го пакетот Прва Микс и гледајте ги најпопуларните српски колажни, филмски, музички и риалити канали.
Изберете го пакетот во кој има сè за секого! Со Прва Микс + уживајте во уште повеќе од вашите омилени српски колажни, филмски, музички и риалити канали.
Сите најатрактивни содржини од регионот во еден пакет – PINK&GRAND. Следете го секое спектакуларно шоу и сите интересни музички достигнувања од соседните земји.
Музика, филмови, забава, детски содржини, вести и програми за возрасни, сето тоа достапно на дури 29 нови канали за сите вас!
Сите најдобри телевизиски серии и исклучителни филмови од сите жанрови се наоѓаат на HBO. Активирајте го пакетот и подгответе се за наплив на адреналин, неверојатни емоции и врвно филмско уживање.
За празниците, активирајте HBO без дополнителен надомест преку Magenta Moments во Telekom MK апликацијата и уживајте во омилените ТВ содржини со најблиските.
Сите вљубеници во филмот ќе се пронајдат во Cinemax пакетот. Тука ќе најдете оригинални серии преполни со акција, холивудски хитови и најнаградуваните и најпопуларни остварувања од целиот свет.
Најпопуларните и најгледаните канали на Балканот избрани за вас во еден пакет – MAX BALKAN. Бидете во тек со сите новости, забавни, културни и музички содржини.
Сите најдобри канали на албански јазик на едно место. Со Alb Kolazh Extra добивате сè – најмногу содржини од секаков карактер за максимум новости, највозбудлива музика и екстра забава.
Во пакетот Alb Kolazh + е содржана селекција на најатрактивните содржини на албански јазик. Разновидни канали за сечии интереси вклучувајќи: детски, филмски, музички, документарни, колажни и канали за возрасни.
Alb Kolazh пакетот ја нуди неопходната селекција на канали од различни жанрови на албански јазик. Достапен и преку MaxTV за Android TV Box.
Со пакетот Gley Standard добивате пристап до содржините на Gley – првата македонска национална стриминг платформа, директно преку вашиот MaxTV приемник. Уживајте во најбогатиот избор на домашни, регионални и светски филмови и серии, како и детска програма комплетно синхронизирана на македонски и албански јазик. Содржините се достапни за гледање истовремено на сите ваши MaxTV приемници и плус на уште 2 смарт уреди (ТВ, лаптоп, компјутер, таблет или смартфон).
За празниците, споделете забава со Gley. Активирајте без дополнителен надомест, преку Magenta Moments во Telekom MK апликацијата.
За сите љубители на хит-серии, ексклузивни премиери, најгледаните и најквалитетните филмови и цртани, сега е достапен пакетот Pickbox NOW. Со Pickbox добивате неограничен пристап до нови епизоди од сериите веднаш по светската премиера, како и содржини од холивудската, европската и регионалната продукција! Повеќе информации за програмската содржина на www.pickbox.mk.
За празниците, активирајте Pickbox Now без дополнителен надомест преку Magenta Moments во Telekom MK апликацијата и уживајте во врвно филмско доживување.
Max ALB програмскиот пакет ги вклучува основните ТВ канали на албански јазик. Пакетот е бесплатен за сите MaxTV корисници и се активира на барање.
Пакетот е наменет за сите оние коишто сакаат екстремна возбуда со најдобриот избор на спортски, музички и канали за возрасни.
Сите најдобри документарни канали се наоѓаат во еден пакет Discovery Max. Дознајте ги сите мистерии на историјата, животинскиот свет, светските кулинарски достигнувања и многу други документарни содржини.
Откријте го ТВ пакетот „Учиме со Биби и Боби“ со над 1.600 минути оригинална анимирана содржина на македонски јазик. Едукативни видеа, песнички, аудио приказни, приказни за добра ноќ, радиоемисии и највкусни рецепти, создадени за да ги едуцираат и забавуваат децата од 2 до 8 години.
За празниците, активирајте го без дополнителен надомест до 22.01.2025 година, преку Magenta Moments во Telekom MK апликацијата и израдувајте ги вашите најмали со богатите содржини на ТВ пакетот.
*ТВ пакетот можете да го деактивирате во секое време. По истекот на времетраењето на понудата, доколку не го деактивирате, ќе почне да се наплатува по редовна цена од 99 ден. месечно.
ТВ-теката овозможува гледање на програмата од последните 7 дена, без да се закажува снимање. Во оваа архива се наоѓа целата програма од последните 7 дена од каналите: МТВ 1, Сител, Канал 5, Телма, Алфа, Алсат М, RTV 21 M, Arena Sport 1, Arena Sport 2, Arena Sport 3, Arena Sport 4, Arena Sport 5, ТВ 24, Наша ТВ, ТВ Сонце, МТВ 2, РТС Свет, Klan Macedonia, TV Shenja, Action M, Fantasy M, M1, M1 Gold, Kitchen TV, TV 1000, Viasat Explore, Viasat History, Viasat Nature, Minimax, Cartoonito, Cartoon Network, Viasat Epic Drama, Arena Premium 1, Arena Premium 2, Arena Premium 3, Al Jazeera.