Користете ја Telekom MK апликацијата секогаш и секаде Имајте целосна контрола над интернет сообраќајот во тарифата, детален увид во вкупните трошоци или лесно активирајте дополнителни пакети според вашите лични потреби.
#Поврзани со сите Ваши деловни активности!
Направете голем исчекор и добијте поголема контрола и увид во вашето работење со најновите функционалности на апликацијата Telekom МК за деловни корисници.
Надградбата на апликацијата ја воведува улогата на дигитален администратор, со која сопствениците на бизнисите дигитално ќе управуваат со своите телекомуникациски услуги.
Доколку сте управител на Компанијата, започнете го процесот со преземање и пополнување на Изјавата за обработка на лични податоци.
Пополнетата изјава отпечатете ја, потпишете ја и официјално заверете ја со печатот на Вашата компанија. На крајот, скенирајте ја и испратете ни ја електронски, од Вашата официјална компаниска е-меил адреса, на нашата е-меил адреса: DigitalenAdministrator@telekom.mk. Пред да продолжите кон чекор 2 ќе добиете повик од нашиот агент.
Доколку имате креиран „Мој телеком“ профил, најавете се и започнете го процесот на регистрација за управување со дигитални услуги. Потребно е да бидете најавени со е-маил којшто секогаш ќе го користите за дигитално управување со вашите услуги.
На вашиот е-маил ќе добиете линк за верификација, по што ќе можете да го продолжите процесот на регистрација.
Внесете го вашиот мобилниот број и побарајте код за валидација.
Внесете го кодот за валидација којшто ќе го добиете преку СМС порака.
Успешно ја завршувате регистрацијата за управување со дигитални услуги. Најавете се на „Мој телеком“ или на апликацијата Telekom МК и пристапете до телекомуникациските услуги што ги користи вашата Компанија.
Откријте свет на нови искуства и преземете ја Telekom MK апликацијата и откријте ги најдобрите понуди и поволности за вас достапни само со Magenta Moments, ексклузивно за корисниците на Телеком.
Контактирајте ме
Невалиден формат на податоци.
Вашето барање е успешно пратено.Нашите агенти наскоро ќе ве контактираат.