Доколку патувате во Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Турција, Хрватска, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, Интернет Балкан роаминг пакетот е вистинското решение за вас. Активирајте го само преку Telekom MK апликацијата и сурфајте безгрижно во странство со вклучени 3 GB мобилен интернет со важност 30 дена од денот на активирањето, за само 499 денари.
Интернет Балкан пакетот важи само доколку сте најавени на мрежата од странските мобилни оператори наведени во табелата:
*Овие оператори овозможуваат 4G интернет.
Откако ќе се потроши вклучениот сообраќај во пакетот, интернет пристапот се блокира и сте комплетно заштитени од непредвидени трошоци. За да продолжите со сурфањето, одберете и активирајте нов Роаминг интернет пакет, според вашите потреби.
Ви препорачуваме да го активирате пакетот додека сте на домашна мрежа. Доколку го активирате пакетот од странство ќе ви се наплати интернет сообраќајот потрошен при активирањето по регуларни роаминг цени.
Доколку имате активен Интернет Балкан роаминг пакет, а се наоѓате во некоја од земјите од Западен Балкан, приоритет на трошење има вклучениот роаминг сообраќај во земјите од Западен Балкан во вашата тарифа.
Сурфајте со тројно повеќе интернет каде и да сте!
Патувајте во странство и бидете секогаш онлајн со Интернет Свет роаминг пакетите, отсега со 3 пати повеќе мобилен интернет достапен во 50 земји во светот.
Одберете и активирајте пакет кој најмногу одговара на вашите потреби и уживајте во непречена интернет комуникација каде и да сте во светот.
Доколку имате активен Интернет Свет роаминг пакет, а се наоѓате во некоја од земјите од Западен Балкан, приоритет на трошење има вклучениот роаминг сообраќај во земјите од Западен Балкан во вашата тарифа. Интервалот на тарифирање е 10 KB.
Активираниот Интернет Свет пакет важи само доколку сте најавени на мрежата од странските мобилни оператори наведени во табелата.
Интернет Свет може да активирате:
Активирање преку Telekom MK App
Доколку активирате роаминг пакет преку Telekom MK апликацијата, ви препорачуваме да го направите тоа додека сте на домашна мрежа. Доколку го активирате пакетот од странство, ќе ви се наплати интернет сообраќајот потрошен при активирањето, по регуларни роаминг цени.
Активирање од Македонија, со бесплатен повик на 142 099
Доколку активирате роаминг пакет со повик на бесплатниот број 142 099, ви препорачуваме да го направите тоа додека сте на домашна мрежа. Доколку го активирате пакетот од странство,повикот ќе ви се наплати по регуларни роаминг цени. При активирање со повик треба да го следите Говорниот автомат. Јавете се на 142 099 и потоа одберете го пакетот што сакате да го активирате (Интернет свет 1 или Интернет свет 2).
Активирање од странство, бесплатно на *140#
Доколку веќе сте во странство, можете и оттаму бесплатно да активирате Интернет Свет, преку Мое мени. Сè што треба да направите е да внесете *140# и да го одберете пакетот што сакате да го активирате. Активирањето преку овој канал е бесплатно, како од Македонија, така и од странство.
Важна напомена:
Роаминг интернет пакетот започнува да важи од моментот на активирањето.
За да можете да го користите одбраниот интернет пакет,препорачуваме да го активирате пред самото патување додека сè уште сте во домашна мрежа (бесплатно преку сите канали: повик, Telekom MK App и Мое мени) или пак, додека сте во странство (бесплатно преку Мое мени).
Потоа, пред да се приклучите на странска мрежа, потребно е да ја вклучите опцијата „data roaming on” и подготвени сте за безгрижно сурфање во странство.