Активирајте HBO дополнителен пакет на MagentaTV и уживајте во ексклузивни премиери на блокбастери, наградувани мегапопуларни серии, концерти, ексклузивни настани и документарни емисии. Програмата се емитува 24 часа на ден и затоа сите најважни HBO оригинални серии се достапни истовремено со американската премиера. Сите содржини се со врвен квалитет, со македонски превод и без реклами.
Со HBO пакетот достапни се три телевизиски канали HBO, HBO2, HBO3, како и апликацијата Max.
*HBO понудата важи за сите MaxTV и MagentaTV корисници и е достапна без дополнителен надомест со активирање само преку Telekom MK апликацијата до 22.01.2025 година. Корисниците кои имаат активен HBO пакет пред стартот на понудата, истата треба да ја активираат преку Telekom MK апликацијата за да го следат без дополнителен надомест до 22.01.2025 година. По истекот на овој период, доколку ТВ пакетот не се деактивира, ќе продолжи да се наплаќаат по редовна цена од 354 денари месечно.
Култни серии, хит филмови, спорт во живо, ријалити, документарци,...и уште многу повеќе, Сè на едно место, сега со Max на MagentaTV.
Преземете ја апликацијата Max на вашиот смартфон, таблет или лаптоп и следете ги омилените содржини каде било и кога било.
Подетални насоки за активирање HBO дополнителен пакет и како да се најавите и да ја користите апликацијата Max погледнете во упатството.
HBO пакетот е достапен за активирање и преку апликацијата Telekom MK, во делот ПАКЕТИ
На вашиот паметен телефон или таблет ја инсталирате мобилната апликација HBO Max. HBO Max за Android уреди е достапна за преземање во Google Play Store, а за iOS уреди во App Store.
Преку вашиот компјутер пристапувате на www.hbomax.com. Потребно е компјутерот да биде поврзан на интернет и да имате инсталирано интернет пребарувач.
Доколку немате активен HBO пакет на вашиот MaxTV, потребно е најпрво да активирате HBO на MaxTV преку Мени >ТВ пакети или преку TelekomMK App.
Регистрирајте се на мобилната апликација HBO Max или www.hbomax.com:
Мобилната апликација HBO Max е поддржана на следните Smart TV уреди: Apple TV 4K, Apple TV HD, Android TV со Android OS 5 или понов Chromecast, Samsung TV (2016 год. или понов модел) и LG Smart TV со webOS 3.5 или понов.
Доколку користите HBO Max преку паметен телефон и мобилна мрежа, имајте предвид дека интернет сообраќајот вклучен во вашата мобилна тарифа подлежи на трошење.