Преземете ја Telekom MK App и откријте ги најдобрите понуди и поволности за вас
Magenta Moments – програмата за искуства со атрактивни подароци, попусти и поволности добива сè поголем број на корисници, само преку Telekom MK апликацијата. Бидете и вие дел од Magenta Moments и на наједноставен начин дигитално пристапете до Телеком поволности, карти за кино, попусти кај наши партнери во ресторани, кафе-барови, продавници…
Поканувајте ги вашите пријатели, додавајте услуги во апликацијата, плаќајте сметки и на овој начин собирајте Magenta Moments срца со кои може да ги отклучувате сите понуди, но и да играте игри за вредни подароци.
Шопинг? Вечера за двајца? Патување или забава после работа? Изберете го вашиот момент и добијте повеќе од вашите омилени брендови со Magenta Moments.
Вртете го тркалото, гребете картички и забавувајте се со сите други игри во Magenta Moments додека освојувате поволности или срца. Со освоените срца, откривајте ексклузивни понуди и попусти од вашите омилени брендови.
Искористете ги освоените срца и активирајте некоја од ексклузивните поволности од Телеком по ваш избор, зависно од потребите.
Преземете ја Telekom MK мобилната апликација
Вклучете ја вашата компанија во Magenta Moments обезбедете поволности за корисниците на Македонски Телеком и промовирајте го вашиот бренд.
Аплицирајте на овој линк или едноставно скенирајте го QR кодот
На следниов линк се објавени добитниците од Magenta Moments кои ги исполниле потребните услови за учество во соодветните игри.
Magenta Moments e интернационална дигитална програма за поволности и наградување ексклузивно достапна за корисниците на Македонски Телеком. До неа се пристапува преку Telekom MK мобилната апликација.
Сите корисници на Македонски Телеком кои се најавени на Telekom MK апликацијата може да имаат пристап, да креираат свој профил на Magenta Moments и да ги истражуваат и користат поволностите во Magenta Moments
Срцата се немонетарна валута во Magenta Moments програмата, кои служат за анимација и забава на корисниците. Срцата кои ќе се собираат како дел од Magenta Moments, може да се користат за отклучување и активирање на ексклузивни понуди како и за учество во некои предизвици или игри во склоп на Magenta Moments програмата.
Корисиците на Magenta Moments можат да пребаруваат поволности од партнери во делот „Истражувај“ користејќи ги различните филтри по име на партнер, категорија, подкатегорија, град. Исто така, со помош на приказот на Мапа, корисниците може да ги пронајдат понудите и според географска локација. Понудите ќе бидат променливи, со секојдневно посетување на Magenta Moments корисниците ќе бидат во тек со сите нови поволности и игри за нив.
Сите активирани/отклучени кодови од поволности од партнерите, како и сите награди добиени на некоја од игрите во Magenta Moments, се наоѓаат во делот Мои понуди. Во секоја понуда ги има соодветните детали, до кога важи конкретниот код, како и кои услови треба да се исполнети за да се искористи поволноста.
Начинот на собирање на срца ќе биде прикажан како мисии кои корисникот треба да ги исполни. Мисиите се прикажани во делот „Собери повеќе срца“ кој се наоѓа кај корисничкиот профил на Magenta Moments. Македонски Телеком го задржува правото да воведува нови и да ги менува мисиите и предизвиците за корисниците со цел да се опфатат различни дигитални однесувања на корисникот на Telekom MK апликацијата.