Направете го домот место каде што сајбер безбедноста за вас и вашите најблиски е главен приоритет.
Место каде што секој ќош од вашиот дом ќе има супер стабилен Wi-Fi сигнал и управувањето со поврзаните уреди ќе е едноставно и на клик.
Ние цврсто веруваме дека најдобрата технологија е онаа која станува дел од нашето секојдневие. Затоа ви нудиме едноставни и брзи решенија кои значајно ќе го подобрат вашето домашно интернет искуство.
Обезбедете целосна Wi-Fi покриеност во секој ќош од вашиот дом без разлика на квадратурата.
Wi-Fi Booster-от од Телеком ви овозможува да го засилите Wi-Fi сигналот и да сурфате стабилно и без никакви пречки во било која просторија во вашиот дом.
Со услугата Wi-Fi Мanager, управувајте со вашата Wi-Fi мрежа, брзо и лесно преку апликацијата Telekom MK.
Направете промена на името и лозинката на мрежата, следете кои уреди се поврзани на мрежата и истовремено контролирајте го нивниот пристап до мрежата или споделете го вашето домашно Wi-Fi со вашите гости.
Останете безбедни додека сурфате на интернет со SafeNet Home.
Оваа услуга автоматски го следи вашиот интернет сообраќај и ве предупредува за какви било потенцијални опасности, осигурувајќи дека сите ваши онлајн активности како што се преземањето на софтвер, онлајн купувањето и плаќањето сметки ќе се максимално безбедни.
На посветените гејмери, но и на ентузијастите секогаш им е потребна загарантирана брзина, стабилност и минимален ping при нивните гејминг авантури.
Развиени во соработка со гејмерите, Gaming Booster пакетите на Телеком го содржат најдоброто за врвно гејминг искуство на најдобрата оптичка мрежа во Македонија.