Во дневната имате супер Wi-Fi сигнал, а веќе во спалната немате конекција?
Понекогаш се случува во домот да имате падови на конекцијата и намалување во брзината секогаш кога ќе се оддалечите од вашиот рутер. Телеком сега го има вистинското решение за вашиот проблем, но прво да видиме зошто се случуваат овие проблеми.
Послабиот сигнал или „слепите” Wi-Fi точки можат да бидат резултат или на физичка опструкција (врати, дебели ѕидови, плоча) или пак голема дистанца од Wi-Fi рутерот до корисникот, што најчесто се случува во домови со поголема квадратура. Во најголемиот број случаи, проблеми се појавуваат кога има премногу Wi-Fi мрежи во околината; замислете си една соба полна со луѓе коишто зборуваат истовремено – тоа значи дека никој никого не може да чуе.
Стандардните Wi-Fi канали (1, 6, 11) често се пренатрупани и тоа има негативно влијание на квалитетот на сигналот. Рачно изберете друг канал, или доколку имате „dual band“ рутер, оставете ги отворени и 2.4GHz и 5GHz. Каналите со 5GHz чувајте ги исклучиво за вашите најважни врски, на пример за уредите преку кои гледате видео преку интернет (youtube, Netflix и сл.) Имајте предвид дека каналите на 5GHz се побрзи, но со пократок домет, па затоа уредите што ги користат овие канали нема да можат да функционираат во оддалечените простории.
Опремата со која располагате игра важна улога во брзината на вашиот интернет. За да го искористите максимумот од интернетот којшто ви го нудиме, правилно користете го рутерот обезбеден од Македонски Телеком.
Wi-Fi технологијата напредува со исклучителна брзина. Уредите коишто пред 10 години беа современи денес се застарени и не се повеќе во можност да ги следат во целост можностите коишто ги овозможува нашата мрежа. Проверете дали уредот од кој пристапувате до мрежа ги поддржува современите wireless стандарди, и променете го доколку тоа не е така, со цел да добиете максимален квалитет на вашиот интернет сигнал.
Нешто што понекогаш го слушате и од нашите оператори. Низ рутерот има голем проток на податоци, коишто понекогаш можат, народски кажано, да „заглават”. Со рестартирање на рутерот, автоматски ја прочистувате неговата меморија и овозможувате полесен проток на податоците, а со тоа и побрз интернет.
Дали сте се запрашале колку вкупно апарати во домот се веќе поврзани на Wi-Fi мрежата? Неколку мобилни телефони, лап-топ, таблет, но да не ги заборавиме и телевизорот, камерата, плејстејшнот, прочистувачот за воздух, па дури и машината за перење. Запомнете, колку повеќе апарати се приклучени на Wi-Fi рутерот, толку повеќе истиот се оптеретува, а со тоа се намалува и квалитетот на интернет конекцијата. Затоа е најдобро уредите коишто моментално не се во употреба да бидат дисконектирани.
Поврзете ги најважните уреди (компјутерот за работа од дома, компјутерот за следење on-line настава) директно со рутерот, користејќи Ethernet кабел. На овој начин ќе направите простор во Wi-Fi мрежата, неопходен за непречено функционирање на другите уреди коишто се поврзани преку Wi-Fi сигнал. Тука исто така спаѓаат и конзолите за играње и компјутерите преку кои играте on-line игри.
За да имате брз и стабилен интернет, но и подеднаква покриеност во вашиот дом, една од поважните работи е и позиционирањето на вашиот Wi-Fi рутер. Избегнувајте да го поставувате на подот, до огледала, големи звучници или на полици опкружен со многу книги. Wi-Fi рутерот најдобро е да стои на висина од најмалку 1.2 метри, заземајќи централна позиција во домот и на растојание од други уреди кои емитуваат 2.4GHz
Внесете ги потребните информации и со еден клик дознајте што од понудените уреди претставува вистинско решение за вашиот дом.
Доколку имате проблем со Wi-Fi конекцијата пополнете го прашалникот