Најдобрата мрежа сега е и најсигурна за водење на Вашиот бизнис!
При извршувањето на деловните активности онлајн, секојдневно сме изложени на злонамерен софтвер, вируси и шпионски софтвер како и многу други закани кои можат да му нанесат трајна штета на вашиот бизнис.
Со новата бизнис услуга, SafeNet OFFICE, сите Ваши деловни активности преку фиксната интернет мрежа на Македонски Телеком се безбедни.
Ви нуди заштита од вируси, злонамерен или уценувачки софтвер.
Не бара инсталации и ажурирања на смартфонот или таблетот
Функционира без разлика на типот на мобилен уред или оперативен систем.
Со SafeNet OFFICE, Вие и Вашите вработени сте заштитени од веб-страници со небезбедна содржина и од активности кои можат да предизвикаат штета на Вашето работење.
Услугата е интергирана во нашата фиксна интернет мрежа. За нејзиното користење не е потребен никаков дополнителен уред, софтвер или инсталација.
Без инсталации и дополнителни уреди
Mесеченa претплата
Да. Доколку сте поврзани на интернет преку WIFI од вашиот фиксен интернет со активна SafeNet OFFICE, целиот ваш податочен сообраќај преку фиксната мрежа на Телеком е заштитен. Значи, ако сурфате од вашиот смартфон, лаптоп или таблет, користејќи фиксен интернет преку Wi-Fi, услугата Телеком SafeNet OFFICE сѐ уште ве заштитува.
Небезбедните веб страници содржат ризици од кои SafeNet OFFICE ве штити. Заканите можат да се поделат во следниве категории:
Фиксната интернет мрежа на Телеком и понатаму е сигурна, но станува збор за она што го правите на интернет. Поради тоа што никогаш не можете да бидете сигурни дали линкот или веб страницата се безбедни, услугата SafeNet OFFICE е тука да ви даде дополнителна заштита.
Точно, многу интернет прелистувачи, како на пример Google Chrome, веќе блокираат многу небезбедни веб страници. Но, услугата SafeNet OFFICE врши многу пообемна контрола и на тој начин може да открие и да блокира многу поголем број вируси и други онлајн закани.
Услугата SafeNet OFFICE ги проверува странициите на кои сурфате само од аспект на сигурност и потенцијално постоење на штетен софтвер. Доколку системот препознае опасност, ќе добиете известување преку пребарувачот, но ние не ги чуваме овие информации никаде, ниту пак, ги користиме за што било друго.
Дури и кога свесно се трудите да сурфате само на сигурниот дел од интернет, секогаш е можно случајно да кликнете на некој линк со штетен софтвер. Постојат сѐ повеќе и повеќе лажни страници кои се толку професионално направени што е тешко да се разграничат од оригиналните. Со услугата SafeNet OFFICE добивате постојана заштита и ќе добиете навремено предупредување веднаш штом детектираме опасност.
Со услугата SafeNet OFFICE, преку користење софистицирани механизми за проверка и филтрирање утврдуваме дали некоја веб страница е безбедна или не. Доколку утврдиме дека веб страницата е ризична, ја блокираме.