Со нас, ќе работите на проекти преку кои ќе оставите белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен.
Со преку 206,000 вработени во 34 земји, македонски Телеком, како дел од Групација Дојче Телеком е една од водечките светски телекомуникациски провајдери. Ние го создаваме дигиталниот свет од иднинта и ги збогатуваме животите на луѓето. Постојано го предизвикуваме status quo, се бориме за она во што веруваме и заедно учиме.
Нашите стратешки цели се насочени кон постојано надградување на мрежата, следење на дигиталните трендови, градење партнерски релации со бизнисите, заштита на животната средина, но и кон задоволство на корисниците и вработените.
Нашата работа зазема голем дел од нашите животи. Без разлика дали работиме со скратено работно време или со полно работно време, нашата работа нè обликува. Токму поради ова за нас е уште поважно да работиме добро: да бидеме креативни, да работиме со голема автономија, да бидеме фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваме додека сме на работното место.
Тука ќе дознаете што значи да се работи за најдобриот бренд во Европа.
Македонски Телеком е првата компанија во Македонија која го доби престижниот сертификат Employer Partner, за извонредни практики во управувањето со човечките ресурси.
Нашите високи стандарди за безбедност на работното место, грижата за здравјето и задоволството на вработените се клучни во обезбедувањето позитивна работна средина.
Преку програми за професионален развој и оддавање признанија, ги поддржуваме нашите вработени во нивната кариера, истовремено поттикнувајќи мотивациска атмосфера и овластувања на нашите тимови.
Дополнително, стратегиите за трансформација на работната средина создаваат услови за личен и професионален раст на секој вработен.
Ние не само што му обезбедуваме на општеството инфраструктура, ние сме доверлив придружник во сите ситуации. Приватно и професионално. Секогаш и секаде. Поедноставување и збогатување на животот на луѓето на одржлив начин - тоа е нашата мисија.
Не е важно кога и каде работите. Важно е да правите нешто што има важност и ние веруваме дека секој од вас може да го придвижи општеството напред. Затоа ќе сториме се за вас, да ги имате сите можности за да го направите тоа преку мрежа којашто овозможува поддршка, врвна технологија, нова работна средина и слобода да работите автономно. Ние вложуваме и ве поддржуваме во вашиот личен и на професионален развој, за да можете да оставите свој белег во општеството.
Дали сте некој којшто неуморно и постојано сака да го движи општеството напред? Којшто поседува страст кон она што го работи, сака постојано да учи нови вештини и да гради мрежа која може да промени сè?
Станете дел од нашиот тим.
За нашето општество, за климата, за нашите корисници и за нашите вработени. Сакаме да бидеме пионер во одржливоста. Посветени сме на одговорно дејствување долж целиот наш синџир на вредности и играме важна улога во решавањето на денешните еколошки, економски и социјални предизвици.
Нашите Водечки принципи обезбедуваат основа за соработка со нашите корисници, сите заинтересирани страни и општеството. Сите вработени во Македонски Телеком се посветени да ги оживеат вредностите, а тука си вклучен и ти!
Ние сме докажана компанија што им помага на своите корисници да ги постигнат своите цели - преку едноставни и иновативни искуства со поставување на корисникот во центарот.
Ние сме ориентирани кон претприемништвото и решенијата – тоа нѐ прави подобри од конкуренцијата.
Секогаш да се водиме според она што сметаме дека е правилно и фер, во и надвор од нашата организација.
Ние сме еден тим. Меѓусебно си поставуваме предизвици и се поттикнуваме да дојдеме до најдобрата одлука.
Горди сме што сме Телеком. Работиме страсно, одговорно и посветено – довербата многу ни значи.
Љубопитни сме и постојано учиме. На овој начин ќе растеме и ќе се развиваме како поединци и како организација.
Сите ние сме посебни и имаме индивидуални потреби. Тие во текот на животот се менуваат, а бенефициите што компанијата ги нуди се поддшка за секоја потреба и фаза од животот.
Во Македонски Телеком континуирано работиме за да им овозможиме исклучителен пакет на поволности и бенефиции на нашите вработени. Нашите бенефиции се внимателно развиени, со цел да опфатат разни аспекти и да овозможат да ја оформите вашата кариера и живеењето според сопствените потреби. Нашата цел е да ви овозможивме се што во е потребно, за да напредувате и секојдневно да го давате најдоброто од себе.
Грижата за нашите вработени е наш приоритет. Тоа го осигуруваме преку дополнително приватно здравствено осигурување за сите вработени
Здравјето на нашите вработени е наш приоритет,затоа
Нудиме можност секој да го организира својот работен ден. Работиме флексибилно за подобри резултати.
Ние сме општествено одговорна компанија која зема активно учество во сите активности за здрава животна средина. Нашите вработени придонесуваат за почист воздух ! Ние ви нудиме безбеден простор за паркирање на вашите велосипеди и тротинети
Знаеме дека е предизвик да се усогласи посакуваната кариера и исполнетиот приватен живот. Ние помагаме ова да се балансира. Работењето од дома е дел од нашето професионално секојдневие, поддржано е од дигитални платформи и врвна технологија.
Континуираното учење е од суштинско значење за нас и нашите вработени. Без разлика дали е во живо или дигитално, ние нудиме широк спектар на можности на понатамошно стручно усовршување.
Нашите услуги се на располагање на нашите вработени по најповолни услови.
Нашите вработени имаат можност да ги поврзат своите најблиски на својата мрежа, за и тие да ги користат нашите услуги по поволна цена.
3 месеци - просечно времетраење на процесот на селекција во рамките на компанијата
На сите кандидати им даваме/ испраќаме повратни информации кога ќе се пријават на оглас
Спроведуваме истражување за задоволство на вработените
ООП - CSR - учествуваме во општествено одговорни проекти
Поддржуваме вработување на лица со инвалидитет
Поддржуваме различности
Донираме средства за хуманитарни цели
Работното време го поминуваме во атмосфера која инспирира, и којашто поттикнува дружење и размена на идеи и искуства. Ние се грижиме нашите вработени да ги имаат сите привилегии и да работат во пријатно и здраво опкружување.