BackUp Business е Cloud базирана услуга која овозможува едноставно и автоматизирано креирање на BackUp - резервна копија на вашите бизнис податоци.
BackUp Business овозможува креирање на резервна копија на посебeн документ, папкa или на целиот уред, без ограничување на бројот на уредите. Услугата е наменета за сите бизнис корисници, за да ги заштитат својот бизнис и деловните податоци од различни видови на Интернет опасности и закани.
За да започнете со користење на услугата BackUp Business потребно е да инсталирате софтверска програма на секој од уредите за кои сакате да креирате backup - резервни копии. Услугата е достапна за сите оперативни системи за следните типови на уреди: сервери, работни станици, десктоп и лаптоп компјутери, виртуелни машини...
Потоа, со помош на онлајн алатката, која е достапна преку било кој веб прелистувач, лесно и едноставно, можете да креирате и да управувате со резервни копии преку вашиот кориснички профил.
Без трошоци за ИТ инфраструктура и експерти. Резервните копии на вашите деловни податоци се чуваат на нашата редундантна Cloud платформа.
Идеално решение за превенција на губење на податоците во случај на опасности и закани на интернет.
Со BackUp Business имате резервна копија од која во секој момент можете брзо и едноставно да ги вратите вашите деловни податоци, без разлика дали се избришани или украдени, и без прекин да продолжите со вашите деловни активности.
Преку онлајн алатката може сами да дефинирате колку често ќе креирате резервната копија и кое е времето за чување на различните резервни копии.
Можете однапред да ги закажете сите креирања на резервните копии во точно дефинирани временски интервали.
Во случај на инцидент или губење на податоците, може истите да се повратат во секое време и на секој уред, на едноставен начин преку online алатка.
Функционалност со која се елиминираат дуплите резервни копии за оптимизација на просторот за складирање.
Услугата ви овозможува да направите целосна резервна копија на податоците или пак да направите резервна копија само на новите, инкрементални податоци.
Преку online алатката за управување со вашите резервни копии можете самите да креирате ваши интерни кориснички профили и да управувате со нив.
*Секое надминување на доделениот простор на диск, секој нареден блок од 1GB простор на диск ќе биде наплатен во блокови од 1 GB по цена од 20 денари/месечно.
Невалиден формат на податоци.
Ја примивме вашата пријава.Нашите агенти наскоро ќе ве контактираат.