Македонски Телеком официјално се здоби со признание за квалитетот во својата работа во однос на корисниците, партнерите и заинтересираните страни со воведување на повеќе ISO сертификати во последните неколку години.
ISO сертификацијата на Македонски Телеком му обезбедува конкурентска предност на македонскиот телекомуникациски пазар, но и зголемување на ефективноста и ефикасноста во работењето на секој поединец во компанијата.
Инженеринг, продажба и малопродажба на телекомуникациски, ИТ и електронски услуги, опрема и системи.
Дизајн, развој, имплементација, продажба и обезбедување на фиксни и мобилни телекомуникациски, ИТ и електронски услуги, опрема и системи. Продажба на додатоци и сервис на мобилни телефони.
Управување со услуги за продажба и обезбедување на телекомуникациски услуги, ИКТ, системска интеграција, мобилни податочни услуги и ИКТ опрема за деловни корисници.
Системот за Управување со континуитет во деловното работење го поддржува обезбедувањето на критични комерцијални мобилни и фиксни телекомуникациски услуги, ИТ и електронски услуги.
Дизајн, развој, имплементација, продажба и обезбедување на фиксни и мобилни телекомуникациски, ИТ и електронски услуги.
Политика за животна средина на Македонски Телеком АД – Скопје, како водечки оператор во областа на телекомуникациските услуги во земјата, ја превзема одговорноста и се обврзува да го почитува законот за животна средина и друга регулатива поврзана со животната средина и да се залага за постојано подобрување на влијанието на компанијата врз животната средина.
Во согласност со тоа, Македонски Телеком го смета за најважно извршувањето на своето работење со свесност за своето влијание врз животната средина и затоа ќе се труди ваквиот став да го примени во целост во сите свои операции, грижејќи се да ги изведува своите активности на национално ниво како “Одговорен Граѓанин”.