11.07.2022
Телеком ги доби 5G радиофреквенциите за радио опсезите на 700MHz и 3.6GHz, со што корисниците на 5G услуги на Телеком во сите поголеми градови низ државата ќе имаат гигабитни брзини односно десет пати поголеми брзини од досегашните на 4G .
5G мрежата на Телеком е веќе достапна во 16 градови и нивните региони, а веќе од денес компанијата ќе започне со овозможување гигабитни брзини во центарот на Скопје, по што ќе следат централните подрачја на Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Тетово, Гостивар, Штип, Струмица, а до крајот на септември и Куманово и Кичево.
Македонски Телеком и понатаму продолжува да ја шири мрежата од најновата генерација, а до крајот на оваа година 26 града ќе бидат покриени со технологија од петтата генерација.
22.06.2022
5G мрежата на Македонски Телеком е достапна во скоро сите поголеми населени места во Македонија. Скопје и 15 други градови и нивните околини веќе користат 5G услуги, а од јуни до октомври со опрема од најновата петта генерација ќе бидат покриени и: Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Делчево и Берово.
Со првата 5G комерцијална мрежа која е во функција од февруари годинава, корисниците на Македонски Телеком веќе користат 5G услуги паралелно и во комбинација со 4G, со напредна технологија за динамично користење на постојните радиофреквенции. Веднаш по завршувањето на процесот за доделување радиофреквенции за радио опсезите на 700MHz и 3.6GHz од страна на АЕК, 5G мрежата на Телеком ќе го овозможи целиот потенцијал за супер брз гигабитен мобилен интернет со брзини до десет пати поголеми од 4G.
Листата на Телеком за сертифицирани 5G телефони секојдневно расте, со цел на корисниците да им се овозможи колку што е можно поголем избор на уреди. Новина се Samsung Galaxy Fold 3 i Samsung Galaxy Flip 3, со што скоро сите телефони во портфолиото на Телеком што имаат ваква опција ќе бидат 5G сертифицирани.
Телеком почна да ја гради 5G мрежата во април 2021 година и со посветена работа на терен, до крајот на октомври ќе го исполниме планот, при што 26 градови и нивните околини ќе бидат покриени со 5G, а нивните жители ќе користат технологија на најновата генерација.
За само година и половина ја изградивме првата и најголема 5G мрежа во Македонија, сè со цел да им овозможиме пристап до оваа технологија на што повеќе корисници и да овозможиме развој на досега невидени услуги, соодветни на новото дигитално време.
Повеќе информации за покриеноста, тарифите и 5G уредите можете да добиете на следниот линк
29.04.2022
Македонски Телеком продолжува да ја шири 5G мрежата низ државата. По успешниот старт на првата комерцијална 5G мрежа во 15 градови и нивните околини, 5G мрежата ќе биде достапна и во Скопје.
5G е веќе активна во „East Gate Mall“ во Скопје, во населбите Ченто, Маџари, Автокоманда, Железара, Керамидница и Хиподром, како и во следните скопски региони: Радишани, Бутел, Шуто Оризари, Чаир, Топанско Поле, Бардовци, индустриската зона Визбегово-Качанички Пат, Ѓорче Петров, Даме Груев, Хром, Долно Нерези, Влае, Злокуќани, Капиштец, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Момин Поток, Тафталиџе 2 и Трнодол. До мај 2022, Скопје целосно ќе биде покриено со 5G сигнал.
До крајот на годината, 26 градови во Македонија ќе бидат покриени со опрема од најновата генерација.
5G е нова генерација на мобилна технологија којашто носи револуција во светот на телекомуникациите и ја продолжува еволуцијата на безжичната мрежа!
5G ќе поттикне иновации и ќе го трансформира начинот на кој живееме, работиме и ја користиме модерната технологија.
Воведувањето на 5G мрежата, којашто може да достигне и 10 пати поголема брзина од досегашната 4G мрежа, ќе придонесе за подобрување на мрежната врска, но ќе создаде и досега невидени можности за луѓето и бизнисите.
Сето она што можеме да го направиме преку мобилните телефони, сега, со 5G мрежата, ќе можеме да го направиме уште побрзо и подобро. 5G ќе овозможи спојување голем број уреди и нивна сигурна комуникација со минимално доцнење, со што се отвораат огромен број можности за примена на оваа технологија.
5G е тука! Сега и вие можете да ги искусите придобивките од супериорната 5G технологија на најдобрата мрежа, потврдено од корисниците.
Одберете тарифа според вашите потреби и бидете дел од возбудливиот свет на 5G.
Ultra
Magenta 1 Unlimited / Mobile Unlimited
Magenta 1 М / Mobile М
За да ја користите 5G мрежата на тарифите наведени погоре треба:
септ. 2018
Прва јавна демонстрација на 5G мрежа во Северна Македонија
ноем. 2019
Прва тестна 5G мрежа во центарот на Скопје, измерена 10 пати поголема брзина во споредба со 4G
дек. 2019
5G тестна опрема на Телеком поставена на ФЕИТ
2020
Активности за подготовка за модернизација на мобилната мрежа со технологија од најнова генерација
април 2021
Почеток на модернизација на мобилната мрежа со технологија од најнова генерација
oкт. 2021
Почеток на градење на 5G мрежата на 2.1GHz со динамичко користење на фрекфенци (DSS). Со DSS се овозможува паралелно корисење на LTE и 5G на иста фрекфенција.
јан. 2022
15 градови и нивната околина се подготвени за 5G
фев. 2022
Првата комерцијална 5G мрежа е достапна во Македонија
фев. – мај 2022
Скопје подготвен за 5G
јули 2022
Телеком ги доби 5G радиофреквенциите за радио опсезите на 700MHz и 3.6GHz
до октомври 2022
5G мрежа во 26 градови во Македонија
Можностите коишто ни ги нуди овој револуционерен отскок во технологијата, супер брзата конекција, драстично намалената латентност и зголемениот пропусен опсег, ќе придонесат за трајни општествени решенија, истовремено трансформирајќи ги сите индустрии.
Нови можности се отвораат во автономното возење, далечинскиот надзор и дијагностика на пациенти, автоматизацијата на производството, во посигурниот и поверодостоен видео надзор на јавните и земјоделските површини итн.
Технологијата e нашиот најважен сојузник во борбата против климатските промени. Новата 5G технологија којашто е основата на IoT и паметни решенија, ќе придонесе да се намали емисијата на штетни гасови и користењето на природните ресурси, а ќе влијае и на енергетската ефикасност во индустријата генерално. Со примена на технологии и решенија од најновата генерација директно се влијае на заштита на животната средина.
Опремата од најновата петта генерација - 5G, е во согласност со сите пропишани стандарди за безбедност на животната средина.
Користиме опрема од најнова генерација, во согласност со пропишаните безбедносни стандарди дефинирани со меѓународните и националните регулативи. Мерењата за влијанието на телекомуникациската опрема врз околината ги вршат релеватни институции. Mерењата за безбедноста од нејонизирачко зрачење спроведени од АЕК на нашата тестна мрежа, покажуваат дека вкупното зрачење е само 15% од максимално дозволената гранична вредност.
Официјалниот став на Светската здравствена организација базиран на истражувањата собрани до денес на светско ниво е дека нема убедливи научни докази дека слабите сигнали од базните станици и безжичните мрежи предизвикуваат негативни влијанија врз здравјето.