Неделен Stream On пакет со вклучени YouTube, Netflix, HBO Max и MaxTV GO и плус 4 GB интернет за користење на интернет по ваш избор.
Неограничен интернет за YouTube, Netflix, HBO Max и MaxTV GO. Следете ги вашите омилени видео содржини од вашиот смартфон, без да трошите од мобилниот интернет вклучен во пакетот.
Опцијата Stream On е достапна за активирање преку Telekom MK апликацијата.
По барањето за активирање на опцијаta Stream On ќе добиете потврдна SMS порака за извршеното активирање. Од тој момент сообраќајот остварен преку мобилната мрежа за стриминг сервисите станува неограничен и повеќе нема потреба за грижа околу потрошениот интернет сообраќај. Стримајте безгрижно на вашите омилени платформи!
Иако не троши од вашиот мобилен интернет, на опцијата Stream On тој и е потребен за да може да функционира. Доколку го потрошите мобилниот интернет вклучен во пакетот, Stream On ќе престане да работи, сè додека не активирате нов Stream On интернет пакет. За оваа опција не ви се потребни инсталации и ажурирање на смартфонот, зашто таа функционира без оглед на типот на мобилниот уред или оперативниот систем.
Важни информации и услови кои треба да ги знаете при користeњето на oпцијата Stream On.
Освен преку апликациите на наведените стриминг сервиси, Stream On содржините можат да се гледаат и преку други апликации и веб-страници доколку бидат вметнати во нив. На пример, доколку видеото на одредена веб-страница е закачено преку YouTube, мрежата на Телеком ќе го препознае и сообраќајот нема да биде одземен од интернетот вклучен во тарифата.