Најдете ги сите потребни информации за активирање роаминг пакет за безгрижно да сурфате и разговарате, каде и да сте!
Проверете дали имате активна роаминг услуга
Проверете ги цените на СМС, разговорите на следниов линк, а вклучениот интернет во земјата во која ќе патувате преку Telekom MK App
Исклучете ги ограничувањата за роаминг на вашиот смартфон:
Settings -> Mobile Services -> Mobile Data Options -> Data Roaming
Settings -> Mobile Network -> Mobile Data -> Data Roaming
Роаминг интернет во Западен Балкан
Интернет Балкан, Интернет Свет роаминг пакет
Вклучен роаминг интернет во тарифата. Доколку е потрошена количината на интернетот во пакетот кој го користите, можете да активирате дополнително уште еден пакет.
Кога ќе се вратите дома, не е потребно да правите дополнителни нагодувања во уредот. Услугата автоматски се гаси, со најава на мрежата на Македонски Телеком.
Ако живеете во гранична област, проверете на која мрежа сте најавени. За да избегнете несакани трошоци, одберете ја мрежата рачно и најавете се на мрежа на Македонски Телеком.
Доколку патувате во Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Турција, Хрватска, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, Интернет Балкан роаминг пакетитe се вистинското решение за вас.
Одберете и активирајте пакет кој најмногу одговара на вашите потреби и уживајте во непречена интернет комуникација каде и да сте во светот.
Roam Like At Home“ (RLAH) се однесува на 6-те земји од Западен Балкан (WB6) и важи за сите оператори од WB6 земјите - Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора.