Најдобра покриеност со брзини до 1 Gbps
Супер брз пренос на информации
ТВ во Ultra HD без кочење на сликата
Брза и едноставна инсталација на опремата
Оптика е најнапредната технологија во светот на широкопојасниот интернет пристап. За разлика од технологиите врз база на бакарни и коаксијални кабли, со оптичката технологија, интернет сигналот се пренесува во облик на светлосни зраци низ микронски оптички влакна.
Тоа значи дека сигналот низ оптичкото влакно се движи со брзина на светлината. Ова овозможува пренос на многу податоци со огромни брзини, преку поголеми растојанија, на најсигурен можен начин.
Ние го носиме оптичкиот интернет директно до вашиот дом бидејќи помеѓу Телеком и крајниот корисник нема никакви прекини ниту конверзии. Поради тоа, оптичката мрежа на Телеком има најмало доцнење и најстабилен пренос на податоците.
За својата Оптика до домот Телеком користи GPON (Gigabit Passive Optical Network) технологија, со којашто се остваруваат највисоки предавателни и приемни брзини споредено со останатите технологии, како што се VDSL или DOCSIS, и овозможува пристап до повеќе корисници истовремно (P2MP – Point to MultiPoint).
Стабилна врска
Супер брз интернет за дома
Праќање и примање слики и видео содржини со највисок квалитет во само неколку секунди
Истовремено користење интернет на повеќе уреди, без влијание на квалитетот на услугата
1 Gbps 0,13 мин.
300 Mbps 0,5 мин.
100 Mbps 1,4 мин.
60 Mbps 2,3 мин.
1 Gbps 0,2 мин.
300 Mbps 0,7 мин.
100 Mbps 2 мин.
60 Mbps 3,4 мин.
1 Gbps 3,3 мин.
300 Mbps 11,3 мин.
100 Mbps 33 мин.
60 Mbps 56 мин.
Одберете пакет според вашите потреби и искусете ги придобивките од супер брзиот оптички интернет за дома
Доколку вашиот дом се наоѓа во реон со поставена оптичка мрежа, инсталирањето приклучок во внатрешноста на вашиот дом е брзо и едноставно.
Во зависност од тоа дали живеете во куќа или зграда, местото на инсталација може да се разликува. Нашата техничка служба ќе се погрижи да го пронајде најлесниот начин и најдоброто решение за вас.
Кабелот со оптички влакна се спроведува во внатрешноста на вашиот дом преку постоечката куќна инсталација. Ако тоа не е возможно, во ѕидот над влезната врата се буши мала дупка со размер од еден самтиметар.
Се развлекува тенко транспарентно оптичко влакно, се спроведува внимателно за да не ви пречи при извршувањето на вашите секојдневни активности и да не ја наруши естетиката на вашиот дом.
Влакното оди од влезната врата до точката кадешто ќе се инсталира приклучок за оптика во близина на уредот.
Кабелот со оптички влакна се спроведува во внатрешноста на вашиот дом преку постоечката куќна инсталација. Ако тоа не е возможно, во ѕидот над влезната врата се буши мала дупка со размер од еден сантиметар.