Македонски Телеком на своите корисници им овозможува едноставно, брзо и безбедно плаќање на сметките за фиксни, мобилни и интегрирани услуги.
Одберете го начинот што најмногу ви одговара и навремено подмирете ги Вашите обврски, штедејќи време секогаш кога сакате да ja платите вашата сметка.
Сметките од Македонски Телеком треба да се платат најдоцна во рокот утврден како Рок на плаќање отпечатен на вашата сметка. Во случај на ненавремено плаќање, Македонски Телеком пресметува законска казнена камата согласно законските прописи во Република Северна Македонија.