MagentaТV Gо е апликација која ви овозможува идентично ТВ доживување во движење, како и дома на вашиот MagentaTV Box. Гледајте телевизија во живо, изнајмувајте и гледајте ги вашите омилени содржини каде и да сте, директно од вашиот смартфон, таблет или лаптоп.
Magenta 1
Internet & TV пакети
*За да користите MagentaTV Go, внесете нов мобилен број или одберете еден од постојните мобилни броеви од Мој Телеком профилот.
MagentaTV Go е новата интерактивна телевизија којашто можете да ја користите каде било и од кој било уред (смартфон, таблет или компјутер).
MagentaTV Go нуди голем избор на домашни и странски ТВ канали од сите жанрови, како и содржини достапни на барање, коишто можете да ги гледате кога сакате. MagentaTV Go е достапна на паметните уреди преку апликацијата MagentaTV Go или на веб преку интернет пребарувач.
За да ја користите MagentaTV Go треба да сте претплатник на некој од мобилните тарифи коишто ги нуди Македонски Телеком, а за кои услугата е достапна во рамките на месечната претплата. Сите содржини Ви се достапни и во движење, на паметен уред како мобилен Android или iOS телефон, таблет или PC уред.
MagentaTV Go услугата е достапна на најмногу три регистрирани паметни уреди, при што во исто време можете да гледате на сите три уреди истовремено.
За да ја користите GO услугата, потребно е прво да ја инсталирате MagentaTV Go апликацијата на паметен телефонски уред или да ја посетите страницата www.MagentaTV Go.mk. Доколку се уште не сте ја активирале услугата, процесот ќе ве одведе до делот за активација на страницата на Мој Телеком. Откако ќе ја активирате услугата, апликацијата автоматски ќе ви го овозможи пристапот до содржините без потреба да се најавувате.
Кога гледате ТВ во живо, можете да ги менувате каналите со движење лево – десно на екранот, со што одите на наредниот или претходниот канал во однос на каналот што во моментот го следите.
Преку ТВ-водичот Кога се наоѓате во ТВ-водичот, до кој можете да пристапите преку главното мени, со избор на иконата за ТВ-водич, можете да ги менувате каналите со движење нагоре – надолу по екранот. Кога ќе дојдете до посакуваната програма, кликнете на истата за да почнете да ја следите.
Снимање на тековната програма или закажување на снимање на програма која ќе се емитува во нареден период, како и закажување на снимање на серија може да направите на повеќе начини:
Во категоријата Нагодувања - Моја MagentaTV Go, во содржинскиот блок Мои снимки достапни се за гледање сите содржини коишто сте ги снимиле, како и преглед на закажаните снимања. Снимените содржини можете да ги гледате и преку содржинскиот блок Снимени содржини достапен на почетното мени со назив ДОМА.
Преку MagentaTV Go нагодувања, со избор на Снимање - Управување со снимените содржини, имате увид во дозволениот простор за снимање – искористени и преостанати часови. Со избор на копчето Управувај со снимање, одите директно на вашите Снимени содржини каде што можете да ги гледате/ бришете или да направите друга промена.
Снимените содржини можете да ги следите и преку MagentaTV Go, доколку сте претплатени на оваа услуга.
ТВ-теката Ви овозможува да ги гледате содржините емитувани на одредени ТВ канали во последните 7 дена. До ТВ-теката можете да пристапите на три различни начини:
Содржините од ТВ-теката можете да ги следите и преку MagentaTV Go, доколку сте претплатени на оваа услуга.
Во содржинскиот блок Мои канали се прикажуваат каналите коишто сте ги избрале за омилени. За да изберете омилен канал, појдете во делот Moja MagentаTV, каде што имате преглед на сите канали. Одберете ја опцијата Прикажи ги сите и во Листата на канали позиционирајте се на каналот којшто сакате да го обележите, кликнете на стрелката десно и почекајте да се означи прикажаното срце. Потоа, кликнете ОК.
Омилени содржини Во овој сегмент се прикажуваат сите содржини коишто сте ги обележале како омилени. За да обележите некоја одредена содржина како омилена, само кликнете на копчето со симбол на пин.
За менување на редоследот по кој ќе се прикажуваат канaлите на Вашата MagentaTV Go, одберете ја опцијата Прикажи ги сите канали и означете го каналот кој сакате да го поместите. Над и под редниот број на каналот ќе се покажат стрелки преку кои можете да го движите каналот до саканата позиција. Со оваа акција ја менувате местоположбата на каналот, но не и неговиот реден број.
Напомена: со содржините за возрасни не се управува преку Родителската контрола. Овие содржини ги управувате единствено преку делот Безбедност.
До деталниот ТВ-водич можете да пристапите со избор на иконата преку главното мени на MagentaTV Go. ТВ-водичот ви дава преглед на програмата којашто е во тек, се емитувала или ќе се емитува на сите ТВ канали. Овде можете да најдете хронолошки приказ на содржините од претходните и наредните неколку дена. Програмата која ја следите во моментот е обележана со магента боја. Лево од линијата „Сега“ се веќе емитуваните содржини, додека десно од неа се идните содржини. Содржините кои во исто време се емитуваат на други канали се обележани со светло сива боја. Со навигација во горниот десен агол на ТВ-водичот, преку Филтерот можете да го персонализирате приказот на канали на Вашиот ТВ-водич, и тоа: Сите канали, Претплатени канали, Омилени канали или канали по категорија (една или повеќе категории).
При изборот на каналот што сакате да го следите пристапувате до Инфо менито, со кое добивате краток преглед: името на каналот што го следите, името на содржината која е во тек, нејзината должина и времетраењето. Во долниот дел на овој екран се прикажуваат и неколку икони преку кои едноставно можете да дојдете до следниве функции:
Овде се поставките за јазик и превод, безбедност/поставување или промена на ПИН, родителска контрола, преглед на поврзани уреди со корисничката сметка и нагодувања за снимање. Јазик – нагодете го јазикот на кој ќе се прикажува менито на MagentaTV Go, како и јазикот на преводите на содржините. Безбедност- за дефинирање на безбедносните поставки, најпрво треба да поставите ПИН по ваш избор, а потоа можете да управувате со:
Родителска контрола – со оваа функција ќе ги заштитите вашите деца од содржините коишто не се соодветни за нивната возраст (12+, 16+, 18+...). Родителската контрола функционира само ако во претходниот чекор (Безбедност) е означена ставката Возрасна категоризација. Напомена: со содржините за возрасни не се управува преку Родителската контрола. Тие содржини ги управувате единствено преку делот Безбедност. Снимање – увид во дозволениот простор за снимање – искористени и преостанати часови. Со избор на копчето Управувај со снимање, одите директно на вашите Снимени содржини каде што можете да ги гледате/бришете или правите друга промена. За апликацијата - овде имате увид во софтверските верзии, лиценците и оперативните системи коишто ги користи вашиот MagentaTV Go приемник.
Кога ќе се најавите со вашите корисничко име и лозинка на нов уред (смартфон, таблет или лаптоп), тој автоматски се регистрира и се додава во листата на активни уреди.
Доколку сакате да избришете активен уред, тоа можете да го сторите преку линкот „Активни уреди” којшто се наоѓа во Вашиот кориснички профил (во менито на веб или мобилната апликација). Можете да промените/избришете уред неограничен број пати.
Ако го имате заборавено вашето корисничко име (e-адреса) или лозинка, пробајте да го обновите преку страницата Мој Телеком. Ако и понатаму имате проблем, јавете се во Контакт центарот на бројот 070 122.
MagentaTV Go апликацијата за Android уреди (смартфон или таблет) е достапна во Google Play Store
MagentaTV Go апликацијата за iOS уреди (iPhone и iPad) е достапна во App Store.
На кој било модел на смартфон или таблет со оперативен систем Android 7.1+ или iOS 13+.
Минималните системски барања се следниве: RAM 4GB, CPU Intel Core i3, интернет врска со минимална брзина од 2 Mbps.
За најдобро иксуство препорачуваме да користите интернет пребарувач Chrome, но можете да користите и некој од следниве пребарувачи: Internet Explorer 11 (Win 8+), Edge 11 & 14, Mozilla Firefox 44+, Safari 9+, Opera 36+.
Не, бидејки правата за емитување на ТВ содржините се однесуваат само на територија на Република Северна Македонија.
Квалитетот на видео содржините автоматски се прилагодува зависно од вашиот уред и брзината на интернет врската.
За 1 час гледање ТВ содржина во HD резолуција може да се реализира до 2 GB сообраќај во зависност од квалитетот на интернет врската.
Тоа значи дека веќе сте пријавиле три уреди со ист кориснички профил. Доколку сакате да се најавите од друг уред, потребно е да избришете некој од веќе најавените.
Истовремено не можете да гледате на повеќе од три уреди.
Доколку користите компјутер, затворете го интернет пребарувачот и обидете се повторно да пристапите на www.magentatv.mk
Доколку користите мобилна апликација, исклучете ја апликацијата и активирајте ја повторно.