InOne претставува комплетно дигитално решение за поставување на Вашиот бизнис онлајн.
Со InOne добивате модерна веб-страница и интегрирани алатки за дигитален маркетинг.
Можете да креирате дигитални кампањи за промовирање на Вашите производи и услуги, да водите подобра евиденција и грижа за Вашите корисници, и да ги менувате содржините на вашата веб страница.
Дигиталните алатки на InOne ќе Ви помогнат за попродуктивно и поефикасно работење.
За мали и средни бизниси со големи амбиции, кои сакаат да го зголемат своето онлајн присуство и преку дигитализација да постигнат поголема ефикасност и резултати во работењето.
Скроено според вашите потреби - поставете го вашиот бизнис онлајн и добијте клучна предност пред конкуренцијата.
1.169 1.379 денари
согласно спецификација согласно спецификација
999 1.179 денари
Најпрво, потребнo е да го изберете InOne пакетот на услуги кој најмногу му одговара на Вашиот бизнис. Потоа, неопходно е да имате:
Изборот на најдобар пакет за Вашиот бизнис зависи од големината на вашата компанија, типот на бизнисот, Вашите понуди на производи / услуги, бројот на клиенти што ги имате и колкав пазар планирате да таргетирате дополнително. Вашата дигитална трансформација, никогаш не била полесна од сега – со InOne. Доколку сѐ уште не сте се одлучиле за Вашиот вистински пакет, сигурно најдобар начин да го изберете е да ни се обратите на 120, за да се посоветувате со нашиот експертски и продажен тим.
Нашиот партнер R3 Infomedia ќе Ви обезбеди веќе подготвена структура за веб-страницата, со претходно дефиниран избор на веб-дизајн, прилагоден за различни типови бизниси. При креирањето на Вашата веб-страница ги добивате најдобрите совети, обука и техничка помош околу изборот и структурата на страницата.
Вие треба да ги обезбедите содржините кои сакате да бидат прикажани.
Да, секако, вашата веб-страница можете да ја менувате и да ја осовременувате во секое време и со нови и дополнителни содржини. Всушност, само преку динамични промени ќе го задржите интересот на посетителите.
Во зависност од Вашиот избран ИнОне пакет, добивате бесплатни часови за ажурирање и модифицирање на содржината и дизајнот на вашата веб-страница.
За директна маркетинг комуникација преку е-поштата ги користите контактите од клиентите складирани кај CRM функцијата контакт менаџер.
Промотивните понуди, лесно и едноставно, со неколку клика ги праќате во форма на лична е-пошта на поединци или група/и на клиенти што самите ги одредувате. Целата постапка е брза и автоматизирана – пораките преку е-поштата ги праќате одеднаш, до сите поединци или групи, а не поединечно на секој контакт. Исто така, добивате можност да промовирате понуди директно за различни продажно-промотивни намени и кон различни целни сегменти на потенцијални купувачи: посебни поволности или акции, награди за лојалните клиенти, попусти за сезонски производи итн.
Подобрена продажба преку Вашата веб-страница ќе постигнете преку употребата и поставувањето на копчињата за интеракција – Ваш ангажман (Engagement Buttons) за да предизвикате користење на копчињата за најбрз контакт со Вас или правење нарачка за ваши производи или услуги од страна на потенцијалните таргетирани купувачи.
На тој начин посетителите – потенцијалните клиенти, многу лесно ќе можат да:
Секако, продажбата можете да ја зголемите и со активно користење на директниот маркетинг преку е-поштата, кој ќе ги заинтересира потенцијалните нови клиенти за Вашите производи и/или услуги.
Со InOne, добивате информации за Вашата онлајн присутност преку:
Преку резултатите, многу лесно ќе можете да ја направите анализата за Вашата последна дигитална рекламно-комуникациска активност и уште подобро да ја испланирате и да ја реализирате Вашата следна промотивно-продажна кампања или акција со цел – што подобри резултати.