НОВО ТВ ДОЖИВУВАЊЕ И НА ВАШИОТ ANDROID TV BOX
MagentaTV е нова интерактивна телевизија која овозможува сосема ново ТВ доживување, со модерен, интуитивен интерфејс и повеќе напредни опции. Со MagentaTV можете, преку ТВ водичот, брзо и лесно да добиете преглед и да пристапите до богата ТВ содржина или преку ТВ-теката да ја погледнете емитуваната програма, од последните 7 дена. Доколку не наоѓате ништо интересно на ТВ, можете да изнајмите врвни интернационални и домашни серии, играни филмови, документарци или детска содржина преку Видеотека или Видео клуб.
По вклучување на вашиот ТВ приемник, ќе добиете системско известување за ажурирање на софрверот. Кликнете на копчето ПРИФАТИ по што MagentaTV Go апликацијата автоматски ќе се инсталира на вашиот Android TV Box. Апликацијата го користи вклучениот интернет во претплатата, како и секоја друга апликација инсталирана на Android TV Box-от. По инсталирањето, апликацијата ќе ја најдете на прво место во листата ОМИЛЕНИ АПЛИКАЦИИ. Отворете ја и притиснете ПРОДОЛЖИ, по што вашиот кориснички профил ќе се интегрира автоматски. Сега можете да уживате во богатата содржина на MagentaTV.
MagentaTV е достапна преку MagentaTV Go апликацијата на вашиот Android TV Box од Телеком. Потребно е најпрво да го поврзете Android TV Box-от со ТВ приемникот преку HDMI кабел, а на интернет да го поврзете преку мрежен кабел. ТВ приемникот не мора да биде Smart. Потребно е само да има HDMI приклучок.
За да уживате во богатата ТВ содржина на MagentaTV, следете ги чекорите од ВИДЕО УПАТСТВОТО
Со MagentaTV преку Android TV Box добивате вкупно 84 канали од најразлични категории (национални, спортски, филмски, документарни, музички, регионални, лајфстајл).
За ТВ корисниците на новата Magenta 1, Android TV Box-от е достапен со Фамилијарен буџет или по редовна а цена со плаќање одеднаш, на 12 или на 24 рати. За корисниците во Internet&TV, уредот е достапен само по регуларна цена со можност за плаќање одеднаш, на 12 или 24 месечни рати. MagentaTV преку Android TV Box услугата корисниците ја добиваат без дополнителен надомест и без потреба од дополнително активирање. Сè што треба да се направи е уредот да биде поврзан со интернет мрежата на домашната локација.
Активирајте MagentaTV преку Android TV Box по потреба за само 399 ден., со автоматско деактивирање на услугата по истекот на 30 дена, откако ќе активирате некој од пакетите Internet по потреба.