Мој Телеком За бизнис

Hова можност за дигитално управување со вашите деловни телекомуникациски услуги во секое време и од секое место, преку компјутер или мобилен уред.

Доколку сте дигитален администратор на вашата компанија, најавете се.  Доколку не сте, испратете ни барање.

Човек работи на компјутер

КАКО ДА СТАНЕТЕ ДИГИТАЛЕН АДМИНИСТРАТОР?

1

Потпишете изјава

Од вашата службена е-пошта, испратете ни ги податоците за компанијата: назив, ЕДБ и телефон за контакт на следнава е-пошта: DigitalenAdministrator@telekom.mk. Пред да продолжите кон чекор 2, ќе добиете повик од нашиот агент.

2

Најавете се на Мој Телеком

Доколку имате креирано профил Мој Телеком, најавете се и започнете го процесот на регистрација за управување со дигитални услуги. Потребно е да бидете најавени со е-поштата којашто секогаш ќе ја користите за дигитално управување со вашите услуги.

3

Направете верификација на вашата е-пошта

На вашата е-пошта ќе добиете линк за верификација, по што ќе можете да го продолжите процесот на регистрација.

4

Внесете ги вашите лични податоци

Внесете го вашиот мобилниот број и побарајте код за валидација.

5

Верификација на вашиот мобилен број

Внесете го кодот за валидација којшто ќе го добиете преку СМС порака.

6

Успешна регистрација со завршување на сите чекори

Успешно ја завршувате регистрацијата за управување со дигитални услуги. Најавете се на Мој Телеком или на апликацијата Telekom МК и пристапете до телекомуникациските услуги што ги користи вашата компанија.