За првпат во Македонија, воведуваме Fiber to the Room (FTTR) – врвна оптичка технологија која обезбедува максимални интернет брзини, целосна покриеност и беспрекорно искуство за стриминг, гејминг и работа од дома во секој агол од домот.

Што добивате со FTTR?

Speed Icon

Гарантирани ултра високи брзини во секоја соба

Уживајте во конзистентно брз и стабилен интернет, во секоја соба од домот.

Stability Icon

Беспрекорна покриеност, без „мртви зони“

Со инсталација на оптички влакна до секој дел од домот, добивате силен и непрекинат интернет сигнал насекаде.

Fiber Icon

Невидлива инсталација

Инсталацијата се изведува со проѕирно оптичко влакно, без да се наруши естетиката на вашиот простор.

Fiber Icon

Врвна технологија, експертска поддршка

Добивате најнова Wi-Fi опрема и професионална инсталација од специјализиран тим на Телеком.

Како функционира FTTR

FTTR е напредно оптичко решение кое ја проширува оптичката мрежа од вашиот рутер во самата внатрешност на домот. Наместо да се потпирате на Wi-Fi сигналот кој слабее низ ѕидови и на растојание, оптичките влакна кои се целосно транспарентни, се инсталираат до клучни точки низ вашите простории, обезбедувајќи гарантирана, максимална брзина и стабилност во секоја соба.

Оваа услуга е идеална за големи домови или домови на повеќе нивоа.

1 Access Point

  • Максимална брзина и покриеност
  • WiFi 7 рутер од најновата генерација
  • 1 Access Point
  • Инсталација и монтажа од
    специјализирана екипа*
499 ден. / месечно *Инсталацијата се наплаќа 4.999 денари/ еднократно
FTTR package

2 Access Points

  • Максимална брзина и покриеност
  • WiFi 7 рутер од најновата генерација
  • 2 Access Point
  • Инсталација и монтажа од
    специјализирана екипа*
699 ден. / месечно *Инсталацијата се наплаќа 4.999 денари/еднократно
FTTR package

FTTR е достапна за корисници на
Magenta 1 Unlimited Extra/Premium и на Internet & TV Extra/Premium.

ОТКРИЈТЕ ГО НОВОТО НИВО НА
ПОВРЗАНОСТ СО

FIBER TO THE ROOM

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

За кого FTTR е идеалното решение?

FTTR е идеално решение за поголеми домови, домови на повеќе нивоа или домови со повеќе простории, каде што поради конструкцијата на ѕидовите Wi-Fi сигналот слабее. Особено е погоден за домаќинства со повеќе корисници кои истовремено стримуваат, играат онлајн игри или работат од дома.

Колкава површина може да покрие FTTR?

Покриеноста зависи од распоредот на просториите, конструкцијата на домот и бројот на инсталирани Access Points. Нашиот технички тим ќе препорача оптимално решение според вашиот дом.

Може ли FTTR да обезбеди покриеност и на тераса, двор или други надворешни простори?

Оптичкото влакно се инсталира исклучиво во внатрешноста на домот и не се поставува на надворешни површини. Доколку терасата, дворот или друг надворешен простор се во близина на Access Point, можно е да се обезбеди значително подобра Wi-Fi покриеност и во тие зони.

Како изгледа инсталацијата?

Пред инсталацијата, специјализираниот технички тим го разгледува распоредот на домот и го одредува најсоодветното место за поставување на оптичкото влакно и Access Points. Инсталацијата се изведува професионално, согласно потребите на корисникот.

Дали подоцна можам да додадам дополнителен Access Point?

Да. Доколку вашите потреби се променат или сакате покриеност во дополнителна просторија, FTTR инсталацијата може да се прошири согласно техничките можности.

Дали FTTR може да се инсталира во секој дом?

FTTR е достапен за корисници кои имаат оптички (Fiber) приклучок од Македонски Телеком и се корисници на Magenta 1 Unlimited Extra/Premium или Internet & TV Extra/Premium. Достапноста се проверува пред инсталацијата.

Како можам да нарачам FTTR?

FTTR можете да го нарачате во продажните салони или преку Контакт центарот на Македонски Телеком. telekom.mk. По проверката на техничките услови, ќе биде закажан термин за инсталација.