Зошто да патувате со M-TAG уред?

Добивате едноставно, практично и модерно решение за секојдневно патување по автопатиштата во Македонија.

Брзо поминување без задржување

Помалку гужви и пократко време за патување

Без потреба од готовина

Едноставно следење на трошоците преку онлајн портал

Каде да купите M-TAG уред и како да го користите

M-TAG уредот е достапен за сите приватни и деловни корисници во T продавниците по цена од 1.199 денари со можност за еднократна уплата или плаќање на 12 месечни рати преку вашата месечната сметка.
По купувањето, потребна е едноставна регистрација на порталот за електронска наплата на патарини на Телеком и ЈПДП, каде што го активирате уредот и го избирате начинот на плаќање.

За регистрација посетете ја страницата https://telekom.enp.mk
При регистрацијата на уредот, потребно е да го изберете начинот на кој ќе се наплаќаат патарините прикористењето на M_TAG уредот..

Флексибилни начини на наплата преку M-TAG

Картичка

Со платежна картичка

Ова е основниот и задолжителен начин при регистрација. Поврзете дебитна или кредитна картичка и плаќањето ќе се извршува автоматски, еднаш дневно, како збир од сите поминати патарини во текот на денот.

Картичка

Со припејд надополнување

Надополнете средства однапред и користете ги при секое поминување на патарина. Ќе добиете SMS известување кога состојбата на M-TAG припејд сметката ќе биде речиси потрошена. Доколку средствата се потрошат, наплатата автоматски се префрла на платежната картичка за да можете и понатаму да патувате без застанување.

Дополнување може да се направи на порталот https://telekom.enp.mk или во Т продавниците. Минималниот износ за дополнување е 1.000 денари.

Картичка

Преку постпејд број на Телеком

Наплатата за патарини се додава на вашата месечна сметка. Максималниот месечен износ за овој начин на наплата е ограничен на 1.000 денари. По надминувањето на лимитот,  наплатата автоматски се префрла на плаќање со платежна картичка за непречено користење.

За дополнителни информации обратете се во Т продавниците.