За компанијата

Стани
Tech Expert

Размислуваш како паметно да ја започнеш својата кариера

Smart Start е програма за практикантска работа на Македонски Телеком која нуди извонредни можности за развој на студентите. Со Smart Start студентите стекнуваат врвно практично искуство и уникатна шанса да бидат дел од Македонски Телеком, лидер во дигитализацијата. Во 2021 година го започнавме првиот циклус во кој 28 студенти успешно реализираа 11 проекти, а 17 од нив станаа дел од нашиот тим и продолжија со работа во Телеком.

Tech expert

Што по матурата?Избери платена обука и загарантирана кариера!

Драги матуранти и почитувани родители,Знаеме дека по завршувањето на средното училиште, најважното прашање е: „Што понатаму?“. Македонски Телеком отвора
врата за младите луѓе кои сакаат да почнат да заработуваат и да градат кариера во својата држава.

Tech expert

Шест месеци платена обука

Не ти треба претходно искуство. Ние ќе те научиме на сè што треба да знаеш преку работа на терен со најсовремена опрема.

Tech expert

Вистинска работа, а не само теорија

Ќе учиш од најдобрите мајстори и инженери во Македонија.

Tech expert

Сигурна плата и вработување

Најуспешните учесници во програмата ќе добијат постојана работа во Телеком.

Tech expert

Полесно студирање

Ако сакаш да студираш, работата кај нас ќе ти помогне многу полесно да ги положиш испитите бидејќи сè ќе знаеш од пракса.

Зошто да изберете Телеком?

Зошто да изберете Телеком? Наместо да чекате подолго за добра работа, кај нас добивате занает кој е ценет и во државата и
во светот, а ние бараме вредни млади луѓе со желба за работа и напредок.

Твојата иднина е во твои раце. Ајде да ја градиме заедно во Македонија!

Со почит,
Тимот на Македонски Телеком