Контролирајте, оптимизирајте и заштедете преку паметно управување со
потрошувачката на електрична енергија

Нашето решение за паметно мерење и управување со електрична енергија овозможува:

Мониторинг

Мониторинг

Целосен увид во нејзиното производство и нејзината потрошувачка во реално време

Анализа

Анализа

Автоматско следење и анализа на потрошувачката

Контрола

Контрола

Можност за нејзина контрола и оптимизација од каде било и во секое време

Паметен мерач

Зошто Паметно Мерење?

Енергетскиот сектор се менува побрзо од кога било. Зголемените цени на електричната енергија, флуктуациите на пазарот, подемот на обновливите извори и потребата за енергетска ефикасност ја прават дигитализацијата неопходна.

Традиционалното мерење и рачното читање броила веќе не се доволни. Потребно е решение што ќе обезбеди прецизни податоци, автоматизација и контрола во реално време.

Нашата платформа ви го овозможува токму тоа – паметна, сигурна и флексибилна енергетска инфраструктура.

Што нуди решението?

Целосна видливост и аналитика икона

Целосна видливост и аналитика

Следење

На производството и потрошувачката на електрична енергија во реално време

Детални податоци

За напон, струја, активна и реактивна моќност, фактор на моќност, хронолошки трендови и други електрични параметри, според вашите потреби

Историја

На потрошувачката по: часови, денови, месеци и периоди за анализа и споредба

Поддршка

За потрошувачи и воедно производители на електрична енергија (prosumers) – истовремено следење на потрошувачката од мрежа и од сопствено производство (на пр. соларни панели)

Одржување дигитален инвентар

За секој ормар со СЕММ (податоци за СЕММ контролерот и географската локација)

Визуелизација на мапа

Сите поставени контролери се прикажани на интерактивна мапа.

Паметна контрола и оптимизација икона

Паметна контрола и оптимизација

Далечинско управување

На производството и потрошувачката на електрична енергија во реално време

Контрола на лимити

За напон, струја, активна и реактивна моќност, фактор на моќност, хронолошки трендови и други електрични параметри, според вашите потреби

Интеграција

На цените од енергетскиот пазар, што овозможува префрлување помеѓу снабдување од мрежа, од сопствено производство и/или батериско складирање во зависност од моменталната цена на пазарот

Заштеда

Препознавање неефикасност и известување при отстапување од нормалната потрошувачка - за превенција, навремено планирање и заштеда.

Сигурна и скалабилна инфраструктура

Сигурна и скалабилна инфраструктура

Компатибилност

Поддршка за различни типови броила и комуникациски протоколи.

Безбедност

Безбедна комуникација и заштита на податоците со енкрипција и автентикација.

Автоматизација

Автоматски ажурирања на уреди, управување со нивниот животен циклус и следење на нивниот статус.

Флексибилност

Флексибилна и погодна за мали, средни и големи претпријатија.

Клучни придобивки

Безбедност

Заштеда

Намалување на трошоците за енергија преку подобра контрола и оптимизација.

Заштеда

Автоматизација

Автоматизација на процесите – без рачно читање броила и без застои.

Соодветен простор

Ефикасност

Подобра енергетска ефикасност со анализа на историски податоци и можност за предвидување на потрошувачката.

Професионална поддршка

Компатибилност

Одржливост и интеграција на обновливи извори.

Безбедност

Безбедност

Висока сигурност и доверливост на податоците.

Флексибилност

Флексибилност

Зголемена продуктивност и флексибилност во управувањето со енергијата.

Стручно креирано решение

Стручно креирано решение

  • Тоа е развиено, дизајнирано и одржувано од наш стручен тим
  • Целосно интегрирано решение од крај до крај – од хардвер до софтверска платформа.
Интуитивен и модуларен дизајн

Интуитивен и модуларен дизајн

  • Интуитивна веб и мобилна апликација за следење и управување со енергијата
  • Модуларен дизајн – овозможува лесно проширување со нови уреди, извори или локации
Лесно прилагодливо

Лесно прилагодливо

  • Отпорност на застарување –  лесно идно прилагодување со нови комуникациски технологии и енергетски модели
  • Произведено во Република Македонија

Технички карактеристики

IoT контролери

Уред за мерење со висока прецизност и поддршка за повеќе параметри (kWh, kVAh, напон, струја, фактор на моќност и др.)

LTE / NB-IoT / EDGE

Уред за управување - со комуникација преку GSM/4G/LTE/NB-IoT во приватна APN мрежа

APN

Централен систем за собирање, валидирање и складирање податоци со можност за алармирање, известувања, предвидувања и API-интеграции

firmware

Кориснички интерфејс преку веб-портал и мобилна апликација со сервер за логови,
ажурирање на firmware и конфигурација

Специјализирана база

Висока безбедност со користење енкрипција, контрола на пристап, сигурна автентикација и авторизација

Веб и мобилна апликација

CE сертификација за одобрено користење во Европа

Типични примени

Индустриски објекти

Индустриски објекти

Анализа на потрошувачката по машини, линии или смени и оптимизација на трошоци.

Комерцијални згради и трговски центри

Комерцијални згради и трговски центри

Следење на потрошувачката и производството (соларни панели), оптимизација на сопственото користење и намалување на трошоците

Енергетски компании

Енергетски компании

Централизиран надзор, билинг и управување со повеќе клиенти и објекти

Јавни институции и општини

Јавни институции и општини

Следење на потрошувачката во јавни објекти и улично осветлување

Контактирајте нè!

Дознајте како нашите телемедицински решенија можат да ви помогнат да го дигитализирате и унапредите здравствениот систем во вашата институција. Нашиот тим ќе подготви демо презентација и персонализирана понуда за вас.

Контакт до телемедицински решенија