30 години Телеком ја носи најдобрата мрежа во Македонија

Отвораме нова ера во поврзувањето со 5G+

Од првите мобилни разговори, преку мобилен интернет и видеоповици, до стриминг, cloud услуги и поврзани уреди, постојано ги поместуваме границите на поврзувањето.
Како технолошки лидер, ја носиме првата 5G+ мрежа во Македонија - следната генерација на 5G технологија позната како 5G Standalone (5G SA).

5G+ мрежа

Повеќе можности. Поголема
флексибилност.

За разлика од 5G мрежата, која за дел од функционирањето се потпира на 4G инфраструктура, 5G+ (5G SA) користи самостојна 5G архитектура. Таа овозможува напредни мрежни функции и создава основа за развој на дигитални услуги приспособени на различните потреби на корисниците.

Една од новите поддржани функционалности е и мрежното сегментирање или Network Slicing, кој овозможува поврзувањето да се приспособи на потребите на различни услуги.

Предности на 5G+

Побрз одговор на
мрежата

Можност за пониска латентност кај апликации и услуги што бараат брза размена на податоци.

Поефикасно
управување со мрежата

Мрежата може подобро да ги распределува ресурсите, вклучително и во периоди на зголемен сообраќај.

Повеќе
можности

Network Slicing овозможува мрежните ресурси да се приспособат на потребите на различни услуги.

Проверете дали вашиот
уред поддржува 5G+

Листата на уреди кои поддржуваат 5G+ постојано се надополнува и зависи од динамиката со која секој производител прави надградба на софтверот на моделите од своето производство.

Samsung S26

Samsung S26+

Samsung S26 Ultra

T Phone 3 PRO

Xiaomi 14T Pro

Xiaomi 15 (наскоро)

Мапа на покриеностa
со 5G+

5G+ Map

T PRIORITY - прва услуга
овозможена од 5G+

T Priority поврзување со
приоритет

Потребите за интернет не ни се секогаш исти. Некогаш гледаме видео, некогаш сме LIVE, а некогаш ни е важно апликацијата да реагира брзо и конекцијата да биде што е можно постабилна.
T Priority услугата, базирана на Network Slicing, овозможува мрежните ресурси да се организираат во виртуелни секции, оптимизирани за различни потреби и услуги – без да се гради посебна физичка мрежа за секој корисник.
Едноставно, T Priority  нуди поголема флексибилност и можност мрежата подобро да се приспособи на тоа што ни треба, токму кога ни треба.

5G+ мрежа

T PRIORITY

Активирајте T PRIORITY секогаш кога ви треба приоритетен пристап до мрежа
299 ден
/ 24 часа

Активирај преку Telekom MK апликацијата.

Кога да активирате T Priority

Брза интернет конекција

На концерт, фестивал или
голем спортски настан

Кога многу луѓе се на едно место, а вие сакате да споделувате видеа, да одите LIVE или да испраќате фотографии и видеоснимки.

Онлајн забава

Важен онлајн состанок или
презентација

Кога сте надвор од канцеларија и мобилната мрежа ви треба за многу важен видеоповик, состанок или презентација.

Поврзани паметни уреди

Pop-up продавница со
сигурна и брза конекција

Кога вашата компанија отвора мобилна филијала или продажно место на настан, без чекање за поставување фиксна инфраструктура.

Прашања и одговори