SafeNet MOBILE е услуга која е интегрирана во мобилната мрежа на Телеком, автоматски ги проверува веб страниците што ги посетувате и ги блокира потенцијалните закани, уште пред тие да дојдат во контакт со вашиот смартфон или таблет.
Доколку посетите сигурна веб страница, тогаш не ни забележувате дека SafeNet MOBILE работи во позадина. Доколку пак, наидете на некаква закана, ќе добиете известување и можете самите да одлучите дали ќе престанете или ќе продолжите со сурфањето.
Нуди заштита од злонамерен софтвер, вируси, крадење на личните податоци (фишинг) или хакирање
Не бара инсталации и ажурирања на смартфонот или таблетот
Функционира без разлика на типот на мобилен уред или оперативен систем
За активирање на услугата за сите вработени, обратете се во најблиската Телеком продавница.
АКТИВИРАЈТЕ SAFENET И КОРИСТЕТЕ ЈА БЕЗ НАДОМЕСТ ВО НАРЕДНИТЕ 4 НЕДЕЛИ!
SafeNet MOBILE е достапна за сите бизнис мобилни тарифни модели, со вклучен интернет во претплатата. При првото активирање на услугата, корисниците ја добиваат без надомест во промотивен период од 4 недели. По завршувањето на промотивниот период, услугата се наплатува 29 денари месечно, за што корисникот е известен по пат на SMS порака.
Носителите на броевите во бизнис пакетите можат да ја активираат услугата на следниот начин:
Telekom MK
149 777
SafeNet MOBILE е вметната во мобилната мрежа и на нејзиното користење не влијае видот на телефон што го имате, ниту пак оперативниот систем. Независно дали користите iPhone со iOS или било кој модел мобилен уред со Android оперативен систем, секогаш може да наидете на небезбедна веб страница. Со SafeNet MOBILE секогаш сте заштитени.
Да. Целиот ваш податочен сообраќај преку мобилната мрежа на Телеком е заштитен. Значи, ако сурфате од вашиот таблет, користејќи интернет преку Wi-Fi hotspot од вашиот мобилен уред, услугата SafeNet MOBILE сѐ уште ве заштитува.
Кога свесно ќе одлучите да продолжите со пребарувањето на небезбедна веб страница, треба да бидете свесни за ризиците кои ги преземате. Заканите можат да се поделат во следниве категории:
Мобилната мрежа на Телеком и понатаму е сигурна, но станува збор за она што го правите на интернет. Поради тоа што никогаш не можете да бидете сигурни дали линкот или веб страницата се безбедни, услугата SafeNet MOBILE е тука да ви даде дополнителна заштита.
Засега сѐ уште не. SafeNet MOBILE функционира само доколку сурфате на мобилната мрежа на Телеком. Со неа можете безгрижно да сурфате кога ја користите нашата мобилна мрежа.
Не, SafeNet MOBILE не е достапна кога сурфате во странство.
Точно, многу интернет прелистувачи, како на пример Google Chrome, веќе блокираат многу небезбедни веб страници. Но, услугата SafeNet MOBILE врши многу пообемна контрола и на тој начин може да открие и да блокира многу поголем број вируси и други онлајн закани.
Дури и кога свесно се трудите да сурфате само на сигурниот дел од интернет, секогаш е можно случајно да кликнете на некој фишинг линк или да ве начека некој вирус. Постојат сѐ повеќе и повеќе лажни страници кои се толку професионално направени што е тешко да се разграничат од оригиналните. Со услугата SafeNet MOBILE добивате постојана заштита и ќе добиете навремено предупредување веднаш штом детектираме опасност.
Со услугата SafeNet MOBILE , преку софистицирани механизми за филтрирање проверуваме дали некоја веб страница е наведена на т.н. „црна листа“ на небезбедни веб страници. Доколку веб страницата е означена како ризична, ја блокираме.