Регистирањете на нови и обнова на постојните .mk домени можете да го направите и во Македонски Телеком, кој со либерализацијата на пазарот, стана овластен регистрар за управување со .mk доменот.
Покрај регистрација на врвниот домен .mk, Македонски Телеком е овластен и за регистрирање на секундарните домени: edu.mk, org.mk, com.mk, net.mk, inf.mk.
Потребната документација за регистрација и пререгистација на домен можете да ја доставите во најблиската Телеком продавница или на вашиот продажен агент.
Заштедете време и пари и регистрирајте го вашиот домен на период подолг од една година.
Обезбедуваме бесплатна едногодишна регистрација и пререгистрација за кориcниците на веб хостинг услугата и продуктите: Business Office, Business Internet, Magenta 1 Business, како и за податочните услуги. Во претплатата на домен е вклучена и обновата на доменот.
Прочитајте повеќе информации во Правилникот за организацијата и управувањето со врвните национални домени