Со Easy Top тарифата зборувај кон сите домашни мрежи, праќај SMS пораки и сурфај на мобилен - сѐ по иста супер цена од по 3,9 денари, без трошок за воспоставување повик!
Периодот на важност на цената од 3,9 денари е според износот на дополнетиот ваучер.
Како функционира Easy Top? Кратко по дополувањето ваучер на твојата припејд сметка, ќе добиеш SMS известување за намалените цени по што почнуваш да зборуваш за 3,9 денари кон сите мрежи, да праќаш SMS и да сурфаш по цена од 3,9 денари. Овие цени важат во период од 30, 7 или 3 дена, во зависност од дополнетиот ваучер. Доколку измине периодот на важност и не дополниш нов ваучер, важат редовните цени: 7,9 денари/минута за разговори, 4,9 денари за SMS и 20 денари/MB за интернет.
Одбери ја новата Easy Top тарифа на бесплатниот број 1466, со избор на опцијата 3,9 ден. со Easy Top. Понудата е достапна за сите припејд корисници, без оглед на тарифниот модел што се користи во моментов.
Со Easy Talk зборувај по супер цена од 1 ден./мин. кон броевите од Мојот круг! Сврти слободно кон твоите најблиски, дење или ноќе, и сподели ги твоите секојдневни доживувања за најниска цена досега.
Плус, само со Easy Talk, со секој надополнет ваучер од најмалку 150 денари добиваш 50 бесплатни викенд минути кон сите мобилни и фиксни корисници на Македонски Телеком.
Со Easy SMS праќај супер евтини SMS пораки за само 2,9 ден., плус добиваш и супер поволни разговори кон твоите омилени броеви – зборувај за само 1 ден./мин. кон броевите од Мојот круг!
Плус, само со Easy SMS добиваш бесплатни SMS пораки со сите корисници во мобилната мрежа на Македонски Телеком со секое надополнување! Дополни ја твојата припејд сметка со 100 денари и добиј 150 бесплатни SMS со сите корисници во мобилната мрежа на Македонски Телеком во период од 3 дена, а со дополнување од 150 или повеќе денари добиваш 150 SMS цела недела.
Одбери Easy SMS веднаш со јавување на 1466!