Со услугата Зелен број 0800, компаниите можат да им обезбедат информации на крајните корисници во врска со своите производи и услуги, преку доделениот број 0800 XXXXX.
Повиците кон овој број се бесплатни за повикувачите и целокупниот сообраќај го плаќа компанијата-корисник на услугата зелен број 0800.
Можност за плаќање на 12 рати.
Услугата Преносливост на број Ви овозможува задржување на постојниот број заедно со префиксот, при преминување во мрежата на Македонски Телеком.
Доколку сакате да пренесете број, поднесете барање за склучување претплатнички договор со пренесување број во мобилната мрежа на Македонски Телеком, во кое било од нашите продажни места.