Во оваа ера, дигитализацијата е еден од клучните фактори за успешен раст, напредок на бизнисот и достигнувањето на целите на компаниите. Со Индексот на дигиталната зрелост, се покажува степенот на дигитална развиеност на една компанија согласно нејзините практики и подготвеност за користење на дигитални алатки и услуги. А само со целосно имплементирана дигитализација, една компанија се стекнува со флексибилност и подготвеност за брзо прилагодување на сите ситуации.
За да се добие јасна слика за дигиталната подготвеност на една компаниија, Македонски Телеком во соработка со ИПСОС, спроведува детално и опширно истражување за степенот на дигиталната зрелост на компаниите во Македонија според Дигитален индекс.
Истражувањето ги изразува навиките и потребите на компаниите од користење на дигитални услуги и алатки, како и ефектите од турбулентното секојдневие врз користењето на овие услуги.
Погледнете ги досегашните истражувања – 2022-најново, истражување 2021.
Ви овозможивме лесен начин да го проверите и вие степенот на дигитализација на вашата компанија со калкулатор кој ќе ви ги посочи вашите предности и полињата за дополнително да напредувате.
Добиените одговори за секоја категорија и област ја класифицираат компанијата во еден од 3-те сегменти коишто се показатели на моменталната дигитална зрелост.
Компанија со ниска дигитална зрелост, којашто е малку присутна во дигиталниот свет и има низок степен на употреба на дигитални алатки во секојдневното работење
Компанија со средна дигитална зрелост, којашто е во чекор со трендовите на дигиталниот свет, користи одреден број дигитални услуги и е подготвена за воведување на нови дигитални услуги за да го подобри своето работење
Kомпанија со висока дигитална зрелост, којашто користи комбинација од повеќе дигитални канали и има високо ниво на употреба на дигитални алатки и решенија во секојдневното работење, ги следи новитетите и препознава можности за унапредување на работните процеси
По стручното толкување на резултатите, нашите експерти ќе ви дадат конкретни препораки за тоа кои дигитални алатки и услуги ви се потребни за да ги унапредите деловните процеси и бизнисот воопшто.
Споделуваме дел од искуствата на корисниците кои со нас успешно ја спроведуваат дигитализацијата.
За Fleet Management со Eco Logistic Service
За SafeNet OFFICE со РСМ Македонија
За квалификуваниот сертификат за електронски потпис со Авицена
За VPS - Virtual Private Server со Open Mind Solutions
Погледнете ги вебинарите за дигитални услуги – ДИГИТАЛИЗАЦИЈА, СЕГА!
Дигитализација, оптимизација. Како да ги намалите трошоците
Без безбедност нема ефикасност. Целосно безбедна работа со деловните податоци