Онлајн заканите се многу реална и постојана појава во дигиталниот деловен свет. Со развојот на дигитализацијата еволуираат и заканите во интернет опкружувањето. Затоа, од клучно значење е да се има алатка којашто ќе овозможи постојано следење на интернет заканите и давање брз одговор. Македонски Телеком го има решението за безбеден бизнис секогаш. Услугата Безбедносен оперативен центар обезбедува максимална заштита на работните станици, како компјутери и сервери, од разни интернет опасности. Со постојаната активност на услугата, 24 часа на ден, 365 дена во годината, се минимизира опасноста од безбедносните инциденти кои ги афектираат работните станици, а коишто произлегуваат од работењето на интернет.
SOC обезбедува единствена, унифицирана услуга базирана на докажана платформа за детекција, анализа и опоравување од широкиот спектар интернет напади преку:
Сѐ почести и пософистицирани напади насочени кон бизниси од сите големини
Зголемени финансиски штети предизвикани од интернет напади
Загрозување на репутацијата на компаниите како резултат на интернет нападите
Месечен извештај за настанатите закани
Глобален прилагоден прирачник (Playbooks) достапен за сите корисници на SOC
Автоматска изолација на сомнителен сообраќај во согласност со прилагодениот прирачник
Нотификации преку e-mail коишто содржат основни извештаи за настанатите закани
Корисничка поддршка преку e-mail
Месечен извештај за настанатите закани којшто може да се прилагоди според потребите на корисникот
Прилагоден прирачник (Playbooks) којшто се креира според потребите на корисникот
Автоматска изолација на сомнителен сообраќај и вклучени мерки за критичните системи
Нотификации преку e-mail коишто содржат основни извештаи и можат да се прилагодат според потребите на корисникот
Пристап до конзола (за корисници коишто имаат над 50 крајни уреди)
Корисничка поддршка по телефон