Контактирајте ме
Невалиден формат на податоци.
Вашето барање е успешно пратено.Нашите агенти наскоро ќе ве контактираат.
MaxTV услугата отсега ќе биде достапна и преку MaxTV апликација инсталирана единствено на Android TV box уред кој корисникот го набавува од Македонски Телеком. Android TV box уредот се поврзува со ТВ приемник со HDMI кабел, а на интернет преку Wi-Fi или мрежен кабел. ТВ приемникот не мора да биде Smart. Треба само да има HDMI приклучок.
MaxTV апликакцијата се инсталира автоматски на уредот, веднаш штом тој ќе се поврзе на интернет. Со отворање на апликацијата вие ќе можете непречено да ги следите содржините на MaxTV. Апликацијата го користи вклучениот интернет во претплатата, како и секоја друга апликација инсталирана на Android TV box уредот.
Со MaxTV преку Android TV добивате вкупно 84 канали од најразлични категории (национални, спортски, филмски, документарни, музички, регионални, лајфстајл).
Програмски водич
Паузирање / премотување / почни отпочеток
ТВ-тека со содржини од претходните 3 дена
Преглед по категорија
Бесплатна видеотека
Magenta 1 Business без ТВ, Business Office без ТВ, Business Internet
Врвните содржини и HD квалитетот што ви ги овозможува најдобрата дигитална телевизија се сега насекаде со вас, достапни каде и да одите низ нашава земја! Доколку сте корисник на услугата и веќе имате Android TV box уред, сега можете да го понесете со вас.
Активирајте MaxTV за Android TV по потреба за само 399 ден., со автоматско деактивирање на услугата по истекот на 30 дена, откако ќе активирате некој од пакетите Интернет по потреба.
MaxTV за Android TV услугата е достапна за Magenta 1 Business и Business Office без дополнителен надомест. За ТВ корисниците на Magenta 1 Business, Android TV box уредот е достапен со флексибилен буџет или по регуларна цена со плаќање одеднаш, на 12 или на 24 рати. За корисниците во Business Office, уредот е достапен само по регуларна цена со можност за плаќање одеднаш, на 12 или 24 месечни рати. Инсталирањето е многу едноставно - сè што треба да направи е уредот да биде поврзан со локалната интернет мрежа.
Цени на уредот:
на прва телефонска сметка или во готово
на телефонска сметка
Цените се со вклучен ДДВ
Дали можам да ја користам MaxTV за Android TV услугата без интернет?
MaxTV за Android TV услугата се обезбедува преку апликација инсталирана на Android TV box уред набавен од Македонски Телеком. Таа го користи вклучениот интернет во претплатата, како и секоја друга апликација инсталирана на Android TV box уредот. Доколку ви е искористен интернетот во пакетот, нема да можете да ја користите апликацијата.
Колку интернет троши MaxTV за Android TV апликацијата?
Доколку гледате ТВ во просек 5 часа дневно во месецот, ако гледате SD канал ќе потрошите околу 110 GB, додека за HD канал околу 230 GB месечно.
Дали можам да го користам Android TV box уредот на било која интернет врска во и надвор од државата?
Да, уредот може да се користи на која било локација со интернет пристап, но MaxTV за Android TV услугата со сите содржини може да се користи само на фиксната мрежа на Македонски Телеком и заменските технологии (4G или хибриден рутер).
Дали можам да гледам MaxTV за Android TV на мрежа што не е фиксната мрежа на Македонски Телеком?
На мрежа во Македонија што не е фиксната мрежа на Телеком, преку MaxTV апликацијата може да се гледаат само 17 македонски национални канали.
Дали можам да гледам MaxTV за Android TV надвор од државата?
MaxTV за Android TV услугата не е достапна надвор од Македонија.
Дали можам да ја инсталирам MaxTV за Android TV апликацијата на Android TV box уред што не сум го купил од Телеком?
Не. Апликацијата е достапна само на Android TV box уредот обезбеден од Македонски Телеком.
Дали можам да ја инсталирам апликацијата на мобилен телефон?
Не. Апликацијата е компатибилна само за Android TV платформата. За мобилен телефон е достапна слична апликација, MaxTV GO.
Што ако случајно ја избришам апликацијата?
Апликацијата може повторно да се инсталира ако се побара на Google Play Store преку Android TV box уредот обезбеден од Македонски Телеком. За пристап до Play Store е потребна Google корисничка сметка.
Дали ќе има нови верзии на MaxTV апликацијата?
Нови верзии на апликацијата ќе бидат достапни на Google Play Store. Доколку сакате секогаш да имате најнова верзија од апликацијата, најавете се на вашиот Android TV box уред со вашата Google корисничка сметка и апликацијата автоматски ќе се ажурира секогаш кога ќе има нова верзија.
Дали можам да се претплатам на дополнителен ТВ пакет?
Возможна е активација на дополнителните пакети Tring, Arena Premium, HBO.
Колкав интернет опсег (брзина) ми е потребен за гледање на содржините од MaxTV апликацијата?
За добро корисничко искуство, потребно е да имате барем 3,5Mbps интернет опсег на располагање.
Дали можам да враќам назад на содржина што поминала?
Да. Тоа е овозможено на 10 канали. На тие канали може да се гледаат содржини 3 дена наназад. Каналите на кои е тоа овозможено се: МТВ1, Сител, Канал 5, Телма, RTV 21, Алсат М, Arena Sport 1, Arena Sport 2, Arena Sport 3 и Arena Sport 4.
Дали можам да инсталирам други апликации на Android TV box уредот?
Доколку имате Google корисничка сметка и се логирате на неа преку уредот, можете да инсталирате други апликации од Google Play Store.
Дали можам да ги снимам содржините од MaxTV за Android TV апликацијата?
Преку апликацијата не е овозможено снимање.__